(ВИДЕО)Ѓоковиќ му испрати порака на Надал: „Пријателе…“

од Nikola Popovski
704 прегледи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му оддаде почит на шпанскиот колега Рафаел Надал за неверојатната кариера на која траеше 23 години.

Во видеото кое е направено во чест на Надал, важно место има и Ѓоковиќ заедно со Федерер, најголемиот ривал на Надал.

„Рафа, прво честитки за неверојатната кариера. Твоето семејство, тимот и ти треба да бидете исклучително горди на сето она што го постигна во текот на кариерата која траеше повеќе од дваесет години. Во тениската соблекувална ќе ни недостигаат твоите загревања, спринтови, скокови и неверојатно конкурентен „паркис“ (социјална игра) со твојот тим пред натпреварите“, рече Ѓоковиќ и додаде:

„Имаше многу забавни моменти кога ја делевме соблекувалната… Иако е тажен ден за тенисот, воопшто и за Шпанија и спортот бидејќи се повлекуваш, се надевам дека сите ќе ја слават твојата кариера бидејќи има многу за славење. Уште поважно, и мислам дека ќе се согласиш со ова, е белегот што го остави во однос на односите со луѓето и инспирацијата за милиони деца ширум светот да земат тениски рекет“.

„Како ја пренесе твојата страст и љубов кон играта, како се однесуваше на теренот, како покажа почит кон твоите ривали и кон целиот тениски екосистем. Твојата упорност, борбеност, енергијата што ја носеше секој пат, силата што ја носеше, ќе биде проучувана и пренесена на бројни генерации кои доаѓаат и се трудат да бидат како тебе, како личност и како голем шампион“.

Ѓоковиќ и Надал се сретнаа 60 пати, а Новак победи на 31 меч.

„Ја имав честа да бидам твој ривал во последните речиси 20 години. Научив многу од нашите средби и многу ти благодарам што ме направи играч каков што сум. Пријателе, ти посакувам се најдобро со фондацијата, твоето семејство, академијата“, заклучи Новак.

Слични содржини