Минатата година, Данска на национално ниво започна кампања со која ги поттикна младите луѓе да го запрат стареењето на нацијата и зголемат природниот прираст или едноставно казано почесто да имаат секс и да прават бебиња.
За да го зголемат наталитетот, луѓето се досетија да направат хумористично видео, кое на почетокот беше гледано со потсмев. Но, по 9 месеци, првите резултати беа изненадувачки.
“Оваа година во Данска родени се 1200 бебиња повеќе од мината година” – пренесува “The Local”.
Кампањата “Направи го тоа за мајка ти” навистина беше голем успех. Покрај тоа, на национална телевизија се емитуваше и емисијата “Имај секс во Данска, поради што, денес во Данска владее вистински “baby boom”.
Да тајната, е во оваа видео,чија гледаност е близу 9 милиони- погледнете го :