Видовите на коронавирус може да доведат до лажно негативни резултати

од Stefanija Kuzmanovska
494 прегледи

Американската администрација за храна и лекови (ФДА) ги предупреди медицинскиот персонал и лабораториите дека генетските мутации на коронавирусот, вклучително и Б.1.1.7 откриени во Велика Британија, може да доведат до лажно негативни резултати при тестирање на ковид-19.

Во соопштението на ФДА се вели дека лажно негативен резултат може да се случи со кој било молекуларен тест за откривање на вирусот доколку мутацијата се случила во дел од неговиот геном што го испитува тестот, пренесува Си-ен-ен.

Ризикот дека овие мутации ќе влијаат на целокупната точност на тестот е мал, смета ФДА, а доколку по добивањето на негативни резултати се сомнева на ковид 19, се препорачува тестот да се повтори, но со поинаков тест, пренесува Танјуг.

Администрацијата забележа дека три теста на коронавирусот овластени во САД може да бидат погодени од генетски мутации, но се чини дека овој ефект не е значителен.

Слични содржини