„Вие мора да се шегувате!“ – Трамп прекинал интервју за 30 секунди кога го прашале за фотографии на кои тој и неговите деца се крај Џефри Епстин

од desk2
29 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, бурно реагирал кога Ендрју Качински, новинар на Си-Ен-Ен во тек на телефонски разговор му ги споменал старите фотографии на кои тој и неговите деца се крај сексуалниот престапник Џефри Епстин. Фотографиите се направени во 1993 година, на свадбата на Трамп со Марла Мејплс, на која бил повикан и Епстин.

Друга фотографија од истата година ги прикажува Трамп и Епстин на отворањето на „Харли Дејвидсон Кафе“ во Њујорк. Со нив се и Иванка и Ерик Трамп, тогаш уште деца.

„Кога го прашав за фотографијата од венчавката, застане и рече „Вие мора да се шегувате“ и го нарече Си-Ен-Ен „фејк њус“, се присети Качински во своето појавување на Си-Ен-Ен. Потоа Трамп без збор ја спуштил слушалката.

„Извлечено од контекст“
Портпаролот на Трамп, Стивен Чеунг, реагираше велејќи дека фотографиите се „злонамерни инсинуации темелени на невини слики од јавни настани“.

„Трамп лично го исфрли Епстин од својот клуб бидејќи бил `чуден и одбоен`“, тврди Чеунг, повторувајќи ја старата приказна што со години ја лиферуваат Трамп и неговите соработници.

Иако фотографиите всушност не се нови и се достапни онлајн, Си-Ен-ен ги опишува во својот текст како „првпат видени“, со напомена дека за некои од нив обезбедил ексклузивни права за еден месец.

Качински напоменува дека сликите претходат на добропознатите правни проблеми на Џефри Епстин, но повторно се актуелизираат во контекст на сѐ поголемиот притисок врз Трамп и Министерството за правда поради наводно затскривање на делови од мрежата на Епстин.

Семејството на Трамп во документите за Епстин
Се знае дека Трамп во 1980-те и 1990-те честопати бил виден во друштво на Епстин и Гислејн Максвел, соработничката на Епстин која моментално одлежува 20 години затвор поради трговија со малолетнички заради сексуално искористување.
Во записите на озлогласениот приватен авион популарно наречен „Лолита Експрес“ се наведени имињата на членови на семејството на Трамп, вклучително синот Ерик, поранешната сопруга Марла Мејплс и нивната ќерка Тифани.

Во 2000 година, Доналд и Меланија се исто така фотографирани со Епстин и Максвел во неговиот клуб Мар-а-Лаго во Палм Бич.
Белата куќа ги отфрли извештаите дека претседателот на САД, Доналд Трамп, е меѓу стотиците имиња во документите на Министерството за правда поврзани со осудениот педофил Епстин. Тврдењата се појавија откако американски суд го одби барањето на министерствот за правда да се отворат судските списи од Флорида поврзани со Епстин. Во текот на изборната кампања лани, Трамп јавно вети дека ќе ги објави тие документи.

Фотографија: Стоп-кадар од видео

Трамп и Епстин јавно се испокараа во 2004 година, две години пред првото апсење на Епстин.

МАГА-базата бесна, Бонди под притисок
Трамп наводно не е среќен поради сѐ поголемата опседнатост на неговата база, популарно наречена МАГА, со случајот Епстин. Откако државната обвинителка Пам Бонди пред кратко време објави заедничко соопштение со ФБИ во кое се заклучува дека „нема основа за дополнителни обвиненија“, меѓу поддржувачите на Трамп се појави гнев.

Многумина и понатаму веруваат дека Епстин не извршил самоубиство во затворот во 2019 година, туку дека е убиен за да не зборува за клиентите на неговите педофилски „забави“. Бараат да се објави фамозниот „список на клиенти“, кој според Пам Бонди не постои.

И „Волстрит Џурнал“ пишува дека името на Трамп повеќе пати се појавува во документите на Министерството за правда, заедно со други познати личности. Но, изгледа дека присуствто на името на сегашниот претседател не претставува доказ за казнено дело или прекршок. Според весникот, Бонди во февруари на редовен брифинг во Белата куќа му рекла на Трамп дека документите содржат трачеви за многу луѓе, вклучувајќи го и него, кои некогаш имале контакти со Епстин. Додала и дека во документите се наоѓа и детска порнографија и податоци за жртвите, кои не смеат да се објават.

Слични содржини