Виенската опера воведе превод за своите гледачи на шест јазици. Секое место во салата има мал екран, на кој тече превод на спектаклот.
Досега тие беа само на германски и англиски јазик. Во рамките на голем проект за реновирање на салата, ќе проработи и новиот систем со електронски преводи на 6 јазици – англиски, германски, италијански, руски, француски и јапонски.
За овој проект ќе бидат дадени околу 2 милиони евра. Во новата сезона Виенската опера ќе прикаже 54 опери, девет балета, четири детски претстави и други концерти. Премиерите сезонава се 6 опери и три балета.
45 од спектаклите ќе можат да се гледаат во реално време на интернет.