Викенд-гужва: На Табановце се чека по половина час

од Берта Китинска

Продолжениот викенд го зголеми интезитетот на сообраќај на ГП Табановце.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за излез од државата се чека околу еден час, а на ГП Делчево околу 30 минути.

Како што соопштија од АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини