Виктор Ѓекереш и уште тројца фудбалери опција за нападот на Јунајтед за следната сезона

од Vladimir Zorba
44 прегледи

Шведскиот интернационалец Виктор Ѓекереш од Спортинг Лисабон и уште тројца напаѓачи се на трансфер листата на англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед за следната сезона, објави „Скај Германија“.

Јунајтед ги следи и Хуго Екитике од Ајнтрахт Франкфурт и Бенџамин Шешко од РБ Лајпциг, но приоритет на тимот ќе биде потписот на Ѓекереш. Тој играше под водство на Рубен Аморим во Спортинг Лисабон и има 83 гола во 91 натпревар за португалскиот тим за една и пол година. Сепак, Англичаните за неговите права ќе треба да платат преку 75 милиони евра.

Со трансфер во Манчестер се поврзува и Виктор Осимен, кој моментално е позајмен во Галатасарај од Наполи. Неговата цена е слична со онаа на Ѓекереш, додека Екитике и Шешко ќе бидат поевтини.

Манчестер Јунајтед оваа година имаше големи проблеми во нападот и постигна само 37 гола на 29 натпревари во Премиер лигата. Тимот го испрати Маркус Рашфорд на позајмица во Астон Вила, а Расмус Хојлунд постигна гол само три пати и нема ниту една асистенција.

Слични содржини