Викторија Бекам им забрани на „Спајсиците“да пејат стари хитови

од Vladimir Zorba
69 прегледи

 

Викторија Бекам, поранешна членка на групата „Spice Girls“, изјави дека не сака нејзините колешки од групата да пејат стари мегахитови на турнеите кои ги закажале за следната година.spajs-grls

Викторија Бекам и Мел Си дефинитивно одлучиле да отстапат од таа идеjа за концерти, а другите три членки од бендот планираат да им најдат достојна замена.

– Мислам дека треба да пејат нови песни на концертите. Тоа што ние сме го имале беше многу посебно. Би била многу тажна кога би пееле наши стари хитови, рече Викторија.

Сопругата на фудбалерот, Дејвид Бекам мораше да се откаже од турнеите поради кариерата во модниот дизајн, бидејќи и одзема многу време.