Викторија Бекам: За мене е чест да ја облекувам Меган Маркел

од Vladimir Zorba
192 прегледи

Викторија Бекам била изненадена кога сфатила дека Меган Маркел носи облека од нејзината колекција. Ова беше откриено од самата таа во интервју за ABC.

На Божик, војвотката од Сасекс се појави со облека од брендот на дизајнерката. Таа ги собра погледите со стилски црн капут во вредност од 25050 фунти.

Бекам објасни дека е голема чест за неа дека за време на празниците сопругата на принцот Хари одбрала да носи облека од една од нејзините колекции. “Таа беше толку убава. Беше пријатно изненадување “, рече таа.

“Знаете, мислам дека таа е толку убава и неверојатна жена, па затоа е голема чест за мене”, додаде Викторија.

Неодамна имаше гласини дека брендот на поранешната спајсица претрпел загуби и е во банкрот. Наспроти гласините, Меган Маркел е бесплатна реклама за дизајнерката – убава е, има убава фигура и ужива внимание на илјадници луѓе.