Вил Смит: Духот во „Аладин“ ќе биде син

од desk2
173 прегледи

Вил Смит мораше да уверува некои од своите обожаватели дека неговиот лик во филмувана верзија на Дизниевиот цртан филм „Аладин“, Духот ќе биде син, по забуните што настанаа по објавата на плакат на коj Смит е „необоен“.

Првиот најавен плакат за филмот, Смит го објави вчера на својот Инстаграм профил. Покрај него, во главните улоги ќе ги видиме Мена Масуд како Аладин и Марван Кензари, како принцезата Јасмин.

Режисерската палка му припадна на Гај Ричи, а сценариото е на Џон Огуст.

Премиерата е закажана за 24 мај наредната 2019 година.