Вил Смит е на духовно патување во Индија за да го излечи својот гнев

од Vladimir Zorba

Вил Смит одлетал во Индија поради „духовни цели“. Тој се обидува да ја преживее драмата со шамарот на Оскарите, пренесе „Daiy Mirror“.

53-годишниот актер го запрепасти светот кога упадна на сцената за време на доделувањето на наградите во живо и го нападна Крис Рок откако комичарот се пошегува со сопругата на Вил, Џејда Пинкет Смит.

Таа вечер, Смит доби Оскар за неговата улога во „King Richard“. Сега се обидува да се смири по инцидентот што му донесе забрана да присуствува на „Оскарите“ 10 години.

Вил пропатувал половина свет за да избега од центарот на вниманието и слетал во Индија за да тргне на духовно патување кое ќе се фокусира на вежбање јога и медитација, изјавил извор за магазинот People.

Тој пристигна на приватен аеродром во Мумбаи, каде што беше пречекан од папараците, а подоцна се фотографираше со обожавателите.

Се вели дека сака да одвои време за смирено да размисли за шокантниот инцидент, кој ја остави вознемирена публиката од ѕвезди во салата и милиони гледачи дома.

Ѕвездата на „Men in Black“ се извини за своето однесување во емотивна изјава и вети дека ќе се промени.

Вил рече дека се чувствува должен да ја заштити својата сопруга Џејда, која боледува од алопеција кога Крис се шегуваше за нејзиното опаѓање на косата, но призна дека неговите постапки биле „шокантни, болни и непростливи“.

„За промената е потребно време, а јас сум посветен на работата за да се осигурам дека никогаш повеќе нема да дозволам гневот да го надвладее разумот“, рече тој.

Неговата сопруга и двете деца Вилоу и Џејден ќе разговараат за шлаканицата на Оскарите во нејзината онлајн емисија Red Table Talk.

„Семејството Смит се фокусира на длабоко исцелување. Некои од откритијата околу нашето лекување ќе бидат споделени кога ќе дојде време“, велат тие во соопштението.

Слични содржини