344
Лево-крилниот напаѓач Арнаут Данјума е нов член на шпански Вилареал.
Холанѓанецот се приклучува на редовите на „жолтата подморница“ од Борнмаут, каде минатата сезона одигра 37 натпревари во Чемпионшип, постигна 17 гола и запиша 8 асистенции.
Виљареал издвои дури 25 милиони евра за услугите на 24-годишниот фудбалер, што е рекорд кога станува збор за овој клуб. Претходно, Пако Алкасер беше платен 23 милиони на Дормунд, додекаЖерард Морено пристигна за 20 милиони.
Данјума во кариерата играше и за ТОП Ос, ПСВ Ајндховен, НЕЦ Нијмеген и Клуб Бриж. Играше двапати за холандскиот национален тим и постигна еден гол.