Вилнев: Алонсо е најсоодветната замена за Хамилтон

од Vladimir Zorba

Светскиот шампион во Формула 1 од 1997 година, Жак Вилнев, го коментираше шокантниот трансфер на Луис Хамилтон во Ферари за сезоната 2025 година и го сподели своето мислење за тоа кој треба да го замени Британецот во Мерцедес.

Според Канаѓанецот, најсоодветен кандидат за возачкото седиште на седумкратниот светски шампион во Бракли е неговиот поранешен соиграч Фернандо Алонсо. Шпанецот летово ќе наполни 43 години, но сè уште нема намера да се повлече од Формула 1. Двократниот шампион е најискусниот возач во историјата на спортот и може да го достигне својот 400-ти старт оваа година.

„Зачуден сум. Најмногу поради тајмингот. Вакво нешто никогаш не било објавено на ваков начин. Многу чудно. За тоа ќе се зборува цела година, ќе биде забавно. Чувствувам дека нешто му недостасува на Мерцедес. Мислам дека нема да застанат на нозе во следните две години. Така, Луис со право оди во Ферари. Ако победи таму ќе биде фантастично, ќе биде најдобро“, изјави Вилнев за La Gazzetta dello Sport.

„Фернандо Алонсо, тоа би било фантастично“, беше неговиот нагласен одговор на прашањето кој според него треба да го замени Хамилтон.

„Освен тоа, не можете да земете друг млад возач како Расел, не и во Мерцедес. Тото има свои идеи, тој е малку како Флавио Бријаторе: има свои возачи, ги испраќа до другите тимови и потоа ги зема кај себе“, додаде Французинот.

Слични содржини