Вилшир се врати во Арсенал!

од Vladimir Zorba
315 прегледи

Поранешниот репрезентативец на Арсенал и Англија, Џек Вилшир пред само неколку дена објави крај на својата играчка кариера.

Вилшир ги „закачи копачките“ на 30-годишна возраст, по една сезона помината во Архус, Данска.

Тој остави најголема трага во Арсенал, играчот од средниот ред мина цела деценија на „Емирати“, одигра преку 100 натпревари за „топџиите“ и остави длабока трага.

Арсенал реши да му ја понуди функцијата тренер на младинскиот тим, а сега поранешниот фудбалер со задоволство прифати.

Така Вилшир се врати во својот Арсенал и започна ново поглавје во животот, а сигурно ќе има што да ги научи младите фудбалери.

Слични содржини