Торта со свеќи и сјајно возило доби Вин Дизел за неговиот роденден. На 18 јули, актерот наполни 52 години, а пред неколку дена неговите колеги од „Брзи и бесни“ го изненадија пријатно на сетот. 
Ѕвездата не доби било што, туку возилото што го вози во легендарната серија „Charger“, направено во 2015 година. Автомобилот има 1.650 коњски сили и импресионира со својот шестстепен механички менувач Tremec.
„Јас сум многу благодарен“, напиша Дизел, објавувајќи изненадувачко видео на Инстаграм. Тој покажува како целиот продуцентски тим прво му носи торта, па потоа ги дува свеќите во аплауз. На крај, тој е информиран дека автомобилот на неговиот лик од филмот е веќе негов.

Извор: Инстаграм
Возбуден од тоа што се случуваше, Вин го тестираше автомобилот и со своите пријатели постави повеќе видеа од забавата.
„Благодарам за љубовта“, напиша холивудската ѕвезда.
https://www.instagram.com/p/B0G-kX7l0eV/?utm_source=ig_embed