Пилотот на Yamaha, Маверик Вињалес победи на трката за Гран При на Австралија во MotoGP и со тоа ја прекина најдолгата серија од 25 трки без победа на конструкторот во целата историја на спортот. Тој започна втор, падна до десеттата позиција, но го искористи хаосот по елиминацијата на шампионот Марк Маркез и поведе.
Откако излезе еднаш на чело, Вињалес не ја предаде првата позиција и заврши со предност од секунда и половина во однос на пилотот на Suzuki Андреа Јаноне. Трет на подиумот се искачи Андреа Довициозо со Ducati, со што во првите 3 се собраа тројца пилоти од три различни конструктори.
Зад првите 3 финишираше Баутиста, кој овој викенд направи своето деби со машината на Ducati GP18, заменувајќи го повредениот Хорхе Лоренцо. Пети беше вториот пилот на Сузуки – талентот Алекс Ринс.
Валентино Роси не успеа да го задржи темпото на Вињалес. Докторот беше во челото, се бореше за втората позиција, но на крајот заврши само шести.
Шампионот Марк Маркез падна во првиот дел од трката по ударот со Јоан Жарко.