Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Виничиус Жуниор беше стрелец на еден од головите за тимот во првото полуфинале од Лигата на шампионите против Манчестер Сити. „Кралскиот клуб“ загуби со 3:4 како гостин, но има шанси да излезе како конечен победник.
„На „Сантијаго Бернабеу“ остануваат уште 90 минути за пресврт. Нашите навивачи можат да направат разлика. Покажавме карактер откако рано заостанувавме со 0:2. Ќе излеземе со кренати глави на реваншот“, изјави Бразилецот.
Vinicius Jr. ended Fernandinho and he didn't even touch the ball. ☠️ pic.twitter.com/k7GH25ve9L
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) April 26, 2022
„Треба да бидеме повнимателни во почетните минути. Дали Анчелоти беше лут? Да. Во вакви натпревари треба да се влезе исклучително концентриран. Сакам да играм под притисок“, сподели бразилскиот репрезентативец.