Винисиус се повреди и затоа не играше за Реал пред три дена на гостувањето кај Ливерпул во Лигата на шампионите. Со објавување „стори“ на Инстаграм покажа колку е тешко да се доживее лошата игра и поразот (2:0) на „Енфилд“, но предизвика и скандал.
Винисиус се снимил како го гледа натпреварот во својот дом во Мадрид и го објавил на споменатата социјална мрежа. На екранот на неговиот телевизор јасно се гледаше логото на „ТНТ Спортс“ од Бразил. Ова предизвика реакција од Ла Лига, која испрати официјална жалба до Реал за однесувањето на својот ас.
„За време на натпреварот помеѓу Ливерпул и Реал, Винисиус објави фотографија на Инстаграм како ја гледа. На екранот се гледа логото на „ТНТ Спортс“. Ова е пиратерија. Кога некој ги гледа натпреварите од Лигата на шампионите од Шпанија, тоа мора да го направи преку „Мовистар канал“, кој ги плаќа правата за споменатото натпреварување во оваа земја“, му пиша Ла Лига на актуелниот освојувач на Лигата на шампионите.