Виолета од Прилеп го победи вирусот: Без лекарите немаше да успеам да ја преживеам оваа битка

од Берта Китинска
211 прегледи

Седумдесетгодишната Виолета Мирчевска од Прилеп по три неделната битка со корона вирусот успеа да се излечи.

„По една недела со симптоми на Ковид-19, бев хоспитализирана во инфективното одделение во Општата Болница во Прилеп. Моето лекување беше едно од потешките, бев ставена на кислородна поддршка и се чувствував многу лошо. Во текот на целиот престој во болницата, медицинскиот персонал го даде својот максимум. Неуморно работеа за подобрување на мојата состојба. Без лекарите немаше да успеам да ја преживеам оваа битка. Исклучително сум благодарна за грижата, но и за хигиената во установата, презадоволна сум од сѐ. Голема мотивација ми беше семејството, децата, мојот брат и сопругот кои ја поминаа приказната заедно со мене. Упатувам апел до граѓаните да носиме маски, да се грижиме за нашата хигиена и да држиме растојание од 2 метра“, вели Мирчевска.