Саша Богдановиќ, градоначалникот на општина Центар објави дека десетина дена бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје поради позитивниот тест на ковид 19.
-Поради позитивниот тест и мојата состојба со КОВИД 19, по препорака на докторите изминативе десеттина дена бев хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје. Веќе се чувствувам подобро и од вчера сум на домашно лекување, ги следам советите на медицинските лица и овие денови моите работни обврски ќе ги извршувам од мојот дом.
Апелирам до сите: Почитувајте ги здравствените протоколи и препораките од надлежните институции, носете заштитни маски, одржувајте дистанца, водете сметка за личната хигиена, немојте да се групирате. Само со одговорно однесување и со почитување на сите мерки и препораки ќе го победиме ова опасно зло наречено коронавирус, напиша Богдановиќ на својот Фејсбук профил.