Вирусот коси, има пациенти со тешка манифестација на белите дробови

од Берта Китинска
476 прегледи

Црн викенд во Македонија за два дена од пандемијата, 95 семејства ги изгубија своите најблиски.

За сите пациенти, колеги прават се што можат, уверува Министерот за здравство Венко Филипче, кој вели дека состојбата во болниците е критична и дека голем дел од пациентите се во тешка здравствена состојба.

– За сите пациенти колегите прават сѐ, но има многу пациенти со тешка форма, со манифестација на белите дробови и крвта, каква колегите од пулмологија и инфективна медицина досега не виделе и кај нив нема одговор на терапијата, изјави Венко Филипче министерот.

Имунизацијата со вакцината „Спутник V“ започнува во понеделник во салата Борис Трајковски.

За почеток ќе бидат вакцинирани околу 4.000 луѓе дневно ширум државата.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 134.134, бројката на оздравени пациенти е 108.676, на починати е 3.905, а бројот на активни случаи изнесува 21.553.

Слични содржини