Епидемијата стивнува, бројот на позитивни како и починати лица од ковид 19 се намалува.
Според информациите на министерството за здравство денеска нема ниту еден активен случај во следниве градови:
Пробиштип 789, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Пехчево 268, Активни 0
Дојран 132, Активни 0
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 83 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 140 и има околу430 празни болнички кревети во ковид центрите.
Досега во земјата се направени вкупно 807.837 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.379, бројката на оздравени пациенти е 148.910, на починати е 5.442, а бројот на активни случаи изнесува 1.027.