Коронавирусот секојдневно зема се поголем замав. Вчера беше забележан повторно висок број на новозаразени како и на починати лица. Засега полицискиот час останува да важи од 22 до 05 часот.Според надлжните на крајот на март и на 15 април се очекува да пристигнат кинеските вакцини и вакцините АстраЗенека за имунизација на населението.
Вакцините се очекува да пристигнат 31 март и на 15 април
Кинеските вакцини и вакцините на АстраЗенека се очекува да пристигнат 31 март и на 15 април. Ова го најави министерот за здравство Венко Филипче, изразувајќи резерва дека е можно да има доцнење на пратките.
„Дозите вакцини од Ковакс механизмот треба да пристигнат на 31 март и 15 април. Вкупно 100 илјади. Ова ќе биде количина од вакцина на АстраЗенека. И кинеските вакцини, според најавите, ги очекуваме до 31 март. Ова го кажуваме со резерва и од таму не се сигурни и најавуваат дека постои можност за мало доцнење.Водиме сметка што укажуваат националните агенции во овие ЕУ земји, коишто привремено го запреа вакцинирањето. Смртноста е многу помала, незначително од заразеноста и смртноста од корона“, рече Филипче и нагласи дека ќе се вакцинира со вакцината на АстраЗенека кога ќе пристигне.
Три клиники стануваат ковид центри
Три нови клиники се пренаменуваат во ковид центри. Клиниката за торакална хирургија, Клиниката за кардиологија и Клиниката за пластична хирургија стануваат ковид центри, со дополнителни 100 кревети за лекување на ковид пациенти.
Лекарската комора бара дополнителни рестриктивни мерки
Лекарската комора бара апелира до Комисијата за заразни болести сериозно да го земе предвид воведувањето на дополнителни рестриктивни мерки и протоколи, бидејќи капацитетите на болниците се речиси исполнети, а намалениот број на здравствени работници влијае на квалитетот на здравствената нега што ја добиваат пациентите.
„Свесни сме за фактот дека овие мерки се крајно непопуларни, но во интерес на одржливост на болничките капацитети и зачувување на јавното здравје, како здравствени професионалци, сметаме дека нивното воведување е повеќе од потребно“, велат од Лекарската комора.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 116.438, бројката на оздравени пациенти е 99.126, на починати е 3.403, а бројот на активни случаи изнесува 13.909.