Бројот на заразени лица со ковид 19 во земјава расте.Вчера беа регистрирнаи нови 518 лица, а починаа 4 лица.
Само последните 10 дена ДСЗИ издал над 1500 вакви документи, а на 30 јуни биле изолирани само двајца граѓани .
-Лесната достапност на брзите тестови и домашното тестирање можеби овозможува ваква комфорност, јас би рекла несовесност на граѓаните бидејќи ако брзиот тест дома изработен е позитивен тој е должен да направи ПЦР тест за да влезе во системот на позитивни граѓани. Дали клиничкјата слика ќе биде блага не дозволува да ги ставаме во ризик останатите граѓани. Колективниот интерес е над индивидуалниот, изјави д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ во емисијата „Магазин“.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.681 бројката на оздравени пациенти е 150.587, на починати е 5.513, а бројот на активни случаи изнесува 2.581.