Бројот на хоспитализирани и заразени од ковид 19 во земјава полека се намалува.
Министерот за здравство Венко Филипче најави дека од 1 јуни е можно да се укине мерката за задолжително носење заштитни маски.
„Следната недела ќе има состанок Комисијата за заразни болести која ќе одлучува за понатаму. Овие мерки важат до 1 јуни“, изјави Филипче за ТВ21.
Министерот за здравство, пред извесен период кажа дека се размислува веќе на почетокот на јуни да се дозволи организирање на ваквите фамилијарни веселби.
„Многу е веројатно да се случи тоа, ако бројките и понатаму се намалуваат како што се намалуваат досега“, вели Филипче.
Рестораните и понатаму би биле отворени само во надворешниот дел од локалот, а се размислува и за зголемување на капацитетот на гости на една маса.
Комисијата за заразни болести идната недела треба да одлучува дали ќе се укинат досегашните рестриктивни мерки против Ковид-19 и дали граѓаните и летово задолжително ќе мора да носат заштитна маска и на отворено.
Надлежните информираа дека вчера во земјава пристигнаа нови 10.530 дози од вакцината на производителот ,,Фајзер” од кои 5850 се преку директни преговори со производителот, а 4680 дози кои ЕУ ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Јуроп“ (Team Europe).
-Оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан ја координира Австрија. Количините на вакцини постојано се дополнуваат, апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk, информираа од министерството за здравство.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.067, бројката на оздравени пациенти е 146.940, на починати е 5.329, а бројот на активни случаи изнесува 2.798.