Да се биде болен од Ковид-19 е „проклето ужасно“, изјави денеска британскиот министер за одбрана Бен Валас, истакнувајќи дека вирусот му ја земал енергијата, ја намалил неговата волја и привремено го одземал чувството за мирис и вкус.

„Кај мене клиничката слика не беше сериозна, но ментално тоа е удар за вашата волја затоа што доаѓа и оди, се засилува и попушта“, рече Валас, кој беше заразен со вирусот на крајот на март.
„Седев во мојот стан во Лондон и го изгубив чувството за мирис и вкус осум дена. Тој пад на енергија ја намалува вашата волја”, изјави Валас за Скај њуз.
Додаде дека презел мерки на претпазливост и на крајот се вратил на работа.