Скоро секој ден се бележат високи бројки на новодијагностицирани лица.Вирусот најмногу е застапен во главниот град каде бројот на активни носители е над 6000.
Владата донесе нова одлука за забрана за собирање во групи на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или каде било на отворен простор и наместо по 21:00 часот забраната ќе трае во текот на целиот ден, цела седмица и со точно дефинирани исклучоци од оваа забрана, информираат од владината прес служба.
Армијата се вклучи на помош
Исто така одлучено е поранешни армиски службеници, над 45-годишна возраст, да се вклучат како поддршка на Министерството за здравство во делот на одржувањето на редот на здравствените институции. Министерството за одбрана, за потребите на Министерството за здравство во справување со последиците од заразната болест Ковид-19 за определен временски период ќе отстапи одреден број санитетски возила, соопшти Владата.
Припадници на армијата веќе се вклучија во давање помош за справување со последиците од Ковид-19. Тие денеска поставија шатори во дворот на Клиниката за инфективни болести во Куманово. Во исклучителни услови, кога болничкиот капацитет е полн, во овој град се појави потреба за дополнителен простор за амбулантски услуги за пациенти со Ковид-19. Во моментов, пациенти кои се на домашно лекување доаѓаат за дневна терапија и неопходни прегледи во инфективното одделение, поради што се создаваат долги редици.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 40275, бројката на оздравени пациенти е 24229, на починати е 1156, а бројот на активни случаи изнесува 14890.