Бројот на заболени и починати од ковид 19 секојдневно расте. Вчера беа регистрирани 1.210 нови случаи, а 32 лица починаа по компликацци со вирусот.
Најмногу заразени има во Скопје – 4150, Тетово – 1911, Гостивар – 1494, Куманово – 768.
Влошувањето на епидемиолошката состојба повторно ги собра на состанок членовите на кризните штабови во Тетово и во Гостивар. И локалните власти не предлагаат нови мерки, туку се насочуваат кон процесот на вакцинација.
Гостиварскиот градоначалник, Арбен Таравари, по вчерашниот состанок истакна дека состојбата е сериозна, но под контрола.
На состанокот на тетовсакиот кризен штаб одлучи да отвори повеќе пунктови за вакцинација.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 170.412, бројката на оздравени пациенти е 152.916, на починати е 5.727, а бројот на активни случаи изнесува 11.769.