Земјите-членки на Вишеградската група (В4) денеска ги поздравија договорите потпишани од Македонија, Србија и Албанија вчера во Скопје.
Се додава дека Вишеградската четворка продолжува да го поддржува забрзувањето на процесот на проширување на Европската унија. Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Македонија и Албанија Зоран Заев и Еди Рама вчера во Скопје потпишаа три документи што ќе ја олеснат трговијата во регионот и ќе овозможат единствен пазар на труд, како и взаемна помош во итни ситуации.