Висок број на починати и заразени, вирусот забрзано се шири

од Берта Китинска
254 прегледи

Изминативе денови бројот на починати од ковид 19 секојдневно е околу 40 лица. Воедно и бројот на заразени е над 1000 лица на ден.

Надлежните велат дека ситуацијата е критична и дека болниците се под голем притисок.

Министерот за здравство, Венко Филипче објави дека „Аџибадем Систина“ отстапила петмина лекари и на тој начин ќе го помогне јавното здравство, но нема да ги намали цените за лекување на ковид-пациенти оти тоа немало економска логика.

Двајца лекари на јавното здравство ќе отстапи клиниката „Ремедика“ , еден „Жан Митрев“, а Клиниката „Жан Митрев“ најавува и намалување на високите цени за лекување на болните од Ковид-19.

На сила пред три дена стапи полицискиот час кој започнува од 20-05часот,од вчера под клуч се и угостителските објекти.Надлежните сметаат дека со овие мерки бројот на заразени ќе се намали.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 137.728, бројката на оздравени пациенти е 111.765, на починати е 4.072, а бројот на активни случаи изнесува 21.891.

Слични содржини