Членовите на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето ниту денеска не успеаја да започнат со работа. Претседателот на собраниската Анкетна комисија за скандалот со прислушувањето, Петре Шилегов, денеска повторно го одложи продолжението на седницата на која требаше да биде донесен деловникот за работа на Комисијата.

anketna_za_prislusuvanjeto

Шилегов појасни дека разговорите меѓу пратеничките групи во однос на спорните прашања од предлог – деловникот се` уште траат, дека остануваат спорни уште само две прашања и оти се надева дека до утре ќе биде постигнат конечен договор.

Уште една “сопка” за Јанева – не и го носат Законот за јавнообвинителска служба

Четирите најспорни точки се тоа дали Комисијата може да почне да работи без присуство на мнозинството членови, понатаму, членовите од парламентарното мнозинство стравуваат претседателот Шилегов да не ја злоупотреби положбата и нерегуларно може да повика сведоци на седницата, без претходно да ги извести членовите.

Ова е четврто продолжение на седницата, како членовите на Комисијата не можат да се договорат ококу спорните точки и да го изгласат деловникот за работа.

Продолжението на оваа седнциа Шилегов го закажа за утре за во 14 часот.

Слични содржини