254
Во новата фотосесија која Бијонсе ја објави на Инстаграм, таа само го докажа својот статус на вистинска модна икона, носејќи едноставен блескав фустан.
Таа се појавила на галата на фондацијата Шон Картер, а фустанот ги истакнувал нејзините облини, што очигледно била и цел на популарната пејачка. Бијонсе покажала дека дури и со неколку покачени килограми, таа може да биде заводлива и неодолива и да ги привлече сите погледи, каде и да се појави.
Фустанот е дизјан на Дејвид Ком, а во комбинација со него Бијонсе избра и чантичка која го носи потписот на Џудит Лајбер.