Вистинската причина зошто на жените им се неодоливи женетите мажи

од desk2
127 прегледи

Има случаи кога жените поради лоша врска во која партнерот ги изневерувал градат нови врски само со зафатени мажи, а има и такви кои тоа го прават од друга причина.

Доста случаи има во кои жените поради лоша врска влегуваат во љбовна врска само со зафатен маж, затоа што сметаат дека тој нема доволно да им се приближи за да ги повреди. Дури 40 отсто од жените признале дека барем еднаш се обиделе да заведат маж кој веќе бил во врска или оженет.

Многу стручњаци велат дека се работи за еден од најчестите и најразличните модели на однесување – жени на кои им недостасува самодоверба да ги привлекуваат недостапни мажи. Ако мажот покаже искрена заинтересираност за нив, тие мислат: „Нешто не е во ред со него“.

И додека жените, макар и потсвесно, бараат сериозна врска, мажите најчесто бараат страст (малку секс надвор од врската ли бракот). Затоа, жените, особено оние кои бараат иден партнер, треба да бидат многу внимателни и добро да размислат пред да се впуштат во врска со женет маж.

Иако не живееме во 50-тите години од минатиот век, и денеска „фаќањето“ женет маж е прашање на совеста.

Совет на стручњаците: Кога знаете дека нешто не е добро за вас, а и понатаму го правите, тогаш проблемот мора да се реши како да се работи за зависност, Прекинете ја таа врска. Некои жени, бидејќи се уверени дека не се створени за вистинска љубов, со своето однесување ги поттикнуваат овие врски.

Сугурност, самодоверба, вкус на забрането овошје, се тоа на прв поглед изгледа привлечно, нодали има перспектива.

Слични содржини