Почетна / Македонија / Политика / Вице Заев: Се што имаат ВМРО-ДПМНЕ како доказ да пријават, јас ќе барам надомест на штетата на суд

Вице Заев: Се што имаат ВМРО-ДПМНЕ како доказ да пријават, јас ќе барам надомест на штетата на суд

„По кој знае кој пат ВМРО-ДПМНЕ покажува колку се далеку од етиката, професионалноста и моралот и како со невиден аматеризам го доуништиваат она што останало во нивните редови. ВМРО-ДПМНЕ, ги повикувам, ако не е лага тоа што го тврдат, тогаш веднаш, се што имат како доказ или сомнеж да го однесат и пријават во обвинителството и во сите надлежни институции и слободно да го објават јавно“, се вели во писмената реакција на братот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев – Вице, по денешните обвинувања од партијата на Мицкоски за наводно негово учество во палењето на автомобили во Скопје.

„И јас сум подготвен да одговарам. Но ако немаат ништо од тоа, како и што сум сигурен дека немаат, тогаш еднаш засекогаш треба да се стави крај на импровизациите во политиката, етикетите, подлите лаги и напади и омрзата која ја внесуваат со години наназад.

Партиската говорница не смее и не може да биде заштита за секојдневните лаги и шпекулации затоа секој ќе мора да го докаже тоа што го тврди на суд.

Прашалната форма „дали“ воопшто не гарантира амнестија за изнесените лаги, и само е уште еден доказ за лагите и етикетите, безидејноста и омразата.

Јас Вице Заев не сум јавна личност, сум избрал да водам приватен живот, далеку од очите на јавноста и од политиката во која упорно сакаат да ме инволвираат. Ниту одлучувам, ниту можам да одлучувам за нешто. И сега и во иднина, за секоја ваква лага ќе мора се секој да се појави пред суд, да го докаже тоа што го тврди во јавноста или да ја надомести големата штета што ми се нанесува“, се наведува во неговата писмена реакција“, се вели во реакцијата на Вице Заев.

loading...