Вицепремиерот Османи побарал тарегтирана поддршка од директорот на „Конрад Аденауер“

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи се сретнал со Директорот на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Македонија, Јоханес Реи со кого разговарал за областите во кои може да се унапреди соработката во насока на поддршка на процесот на европска интеграција на земјата.

„Вицепремиерот Османи посочи дека досегашното 17 годишно присуство на Фондацијата во Македонија беше посветено на промовирање на меѓуетнички и дијалог меѓу граѓаните од различна вероисповед, поддршка на граѓанското општество и придонесе за приближување на земјата до евроатланските структури. Во тој контекст, Османи побара таргетирана поддршка затоа што новата реформска агенда бара долгорочни инвестиции во овој период кога националниот буџет не е во добра состојба, и кога бележиме загуби од средствата од ИПА“, информираат од СЕП.

Османи на Реу му го презентирал и Планот „3-6-9“, го запознал со новиот предлог-закон за јазиците и му порачал дека новата Влада е фокусирана кон евроатланските интеграции.