Вклучен амармот: Алвеш сакал да се самоубие?

од Vladimir Zorba
286 прегледи

Започна судењето на Дани Алвеш, откако тој беше обвинет за силување девојка во ноќен клуб во Барселона на 31 јануари 2023 година, а како што пренесуваат светските медиуми, има тежок период во затворот.

Бразилецот веќе неколку месеци е затворен, а откриено е дека не се чувствува добро. Во затвор се плашат да не се самоубие.

– Тој е депресивен, очаен, добива помош од вработените во затворот – рекол еден од затворениците, како што тврдат медиумите, личноста со која Алвеш ја дели затворската ќелија.

Наводно, во затворот презеле посебни мерки поради емоционалната и психичката состојба на поранешниот фудбалер по почетокот на судењето. Тие ги започнале протоколите што ги имаат во случај да се посомневаат дека некој од затворениците размислува за самоубиство.

– Се плашат од неговата состојба, се плашат да не се пресече или да направи нешто лошо, лудо. Еден ден откако бил сослушан на судењето, протоколот бил активиран, наводно рекол неименуваниот затвореник.

Алвеш дури пет пати го менуваше сведочењето. Најпрвин рекол дека не ја познава жртвата, потоа дека бил со неа во тоалетот, но дека ништо не се случило. Во третата верзија признал дека орално го задоволувала, а во четвртата дека имало секс со взаемна согласност. На прашањето зошто лажел, тој рекол дека не сака неговата сопруга да дознае што навистина се случило таа вечер.

– Тој ден отидов на ручек со моите пријатели. Се сретнавме околу 14.30 и испивме пет шишиња вино и шише виски со ручек. Испив шише и пол вино и неколку чаши виски. Кога го напуштивме тоа место, отидовме во клуб на рунда џин и тоник. Отидовме со автомобил, Бруно возеше, бидејќи бев многу пијан – изјави Бразилецот за конкретната вечер.

Слични содржини