Гласовите од претседателските избори во САД сè уште се бројат, а се чекаат резултатите од Џорџија, Пенсилванија, Северна Каролина, Аризона и Невада.
Додека Џорџија ги брои гласовите, познатиот музичар Џон Леџенд има порака за гласачите од оваа сојузна американска држава, во форма на песна.
Тој објави видео на Твитер во кое пее за поддршка на сојузната држава Џорџија, која може да одлучи за изборите.
За да се обезбеди претседателски мандат, еден од двајцата кандидати мора да освои 270 изборни гласови, од вкупно 538.
Трамп се реши за стратегија за одложување на резултатите со барање за пребројување на гласовите во неколку сојузни држави, а синоќа објави дека „победил без проблеми“, по што трите големи американски телевизии престанаа да го емитуваат неговото обраќање.
Georgia on my mind pic.twitter.com/QKvOjA2LL0
— John Legend (@johnlegend) November 6, 2020