161
Од Министерството за здравство соопштија дека во последните 24 часа пријавени се вкупно 7 починати лица.
Починати се 2 пациенти од Скопје (72г и 84г) и по еден смртен случај е регистриран од Тетово (73г), Велес (48г), Охрид (65г), Кичево (65г) и Дебар (80г). Шест пациенти се починати во болнички услови и еден во домашни услови.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.882, бројката на оздравени пациенти е 83.424, на починати е 2.900, а бројот на активни случаи изнесува 7.558.