Вкупно 471: Починаа уште 5 лица од коронавирус во Македонија

од Берта Китинска
144 прегледи

Во последните 24 часа се направени 1356 тестирања, а регистрирани се 102 нови случаи, починаа 5 лица од коронавирус.

Еден е пациент од Скопје, пациент од Кичево , пациент од Куманово , пациент од Прилеп  и пациент од Штип.

Досега во земјата се направени вкупно 97550 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10315, бројката на оздравени пациенти е 5663, на починати е 471, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4181.

Слични содржини