Вкупно аплицирани речиси 190.000 дози вакцини, ревакцинирани 26.415 граѓани

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вкупно се аплицирани 189.842 дози вакцини, а ревакцинирани се 26.415 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 13.482 граѓани, соопштија од Министерството за здравство.

Прва доза вакцина вчера примиле 12.719 граѓани.

Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 346.431 граѓани.

Од Министерството апелираат до граѓаните да се пријават на vakcinacija.mk, откако тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација.

Слични содржини