Вкусен, здрав и едноставен: Ова е десертот од соништата!

од desk2
144 прегледи

Здрав десерт што многу лесно се приготвува

Ако вие сте дел од оние луѓе кои мислат дека оброкот не е целосен без десерт, го пронајдовме рецептот за десерт во чаша што ќе ве воодушеви.

Потребни состојки:
400 милилитри јогурт
4 лажички чиа семки
1 лажичка мед
3 лажички ориз

За преливот

150 грама замрзнато шумско овошје (може и калинка или малина)
1 лажичка мед

https://www.instagram.com/p/BsKZMZShxR-/?utm_source=ig_embed

Приготвување:
Во сад, измешајте ги сите состојки и оставете ги да отстојат една вечер во фрижидер.
За преливот од шумско овошје: ставете го шумското овошје во сад и додајте лажичка мед, па внимателно загревајте додека не зоврие. Загревајте додека не добиете прелив со посакуваната густина, а потоа оставете ја смесата да се излади.
Во чаша ставете 2-3 лажички чија пудинг.
Потоа, додајте 1 лажичка прелив и продолжете да додавате додека не ја наполните чашата.
Добар апетит!