Вкусни залаци од бело месо и компир…

СОСТОЈКИ:
бело месо од едно пиле
варен компир (малку поголема количина од белото месо)
100 гр мајонез
1-2 лажици кисела павлака
сол
бибер
рендан кашкавал
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Белото месо и компирите сомелете ги во машина за месо, додајте мајонез и кисела павлака. Посолете и побиберете по вкус.
Направете бомбици и извалкајте ги во рендан кашкавал. По желба, можете да додадете и лук.
Добар апетит!