Оваа салата е идеална за почеток на денот, бидејќи ќе ви помогне да го зајакнете имунитетот

Потребни состојки:
4 пилешки филеа
малку изрендан ѓумбир
4 лажици масло од кикирики
главица кромид
тенко исечкана краставица
тенко исечкана ‘рдоква
свежо цеден сок од лимета
лажица чили-сос
Приготвување:
Варете го пилешкото во посолена вода околу 15 минути, па исцедете го месото. Измешајте ѓумбир, кромид, 3 лажици масло од кикирики и сол.
Во друг сад измешајте ‘рдоква, краставица, сол, лажица масло од кикирики и лажица чили-сос.
Распоредете ја салатата во чинии и врз неа наредете исечкано пилешки, па прелијте го со сос од ѓумбир.