Влада: Дадовме насоки за прес-конференцијата во Куманово, но не ја организиравме

од Берта Китинска
233 прегледи

Владата на Република Северна Македонија уште на почетокот на здравствената криза со коронавирусот, препозна дека една од повеќето важни задачи што претстојат е навременото, постојано и веродостојно информирање, а со цел заштита на јавното здравје и здравјето на секој граѓанин во земјата.

-Во врска со прес-конференцијата организирана во Куманово при посетата на владините претставници на Општинскиот кризен штаб, информираме дека Владата нема пракса и не се појавува во улога на организатор на прес настани кои се одржуваат во локалните самоуправи. Како и при секоја друга посета на општина, така и овој пат, Владата даде препораки и насоки за реализацијата на прес-конференцијата, го најави учеството на владините претстатвници на прес-конференцијата, но не беше организатор на истата. Прес службата на Владата беше во комуникација со општинските служби кои ја утврдија локацијата за одржување на прес-конференцијата. Во однос на препораки беше препорачано да се изврши дезинфекција на цел простор и говорницата, поставување на микрофони на говорница, замолување на камерманите да се позиционираат на безбедно растојание и сите да носат заштитна опрема. Од нашиот увид на терен, општинските служби имаа преземено активности за запазување на дадените инструкции, велат од Владата

Тие додаваат дека со цел натамошно подобрување на комуникацијата, Владата останува отворена за сите предлози на медиумите и во таа насока охрабруваме истите секогаш да бидат споделени со институциите.

-Владата во своите политики демонстрираше капацитет и слух за секоја конструктивна насока која доаѓа од медиумите и во таа насока ќе се продолжи.Во оваа прилика сакаме да ја изразиме нашата благодарност до ЗНМ и до сите медиуми и медиумски работници за посветеноста за информирање на населението за подобро справување со коронавирусот, соопштија од Владата.

Слични содржини