Влада: Делчев не е дел од преговорите, да не се профитира врз неговиот лик и дело

од Nikola Popovski
225 прегледи

Од Владата денеска уште еднаш потврдија дека револуционерот Гоце Делчев не е дел од преговорите со Бугарија и дообјаснуваат дека предложената Декларација до Собранието е непотребна.

Од Владата бараат сите чинители да се воздржат од дневно-политичко поентирање и профитирање врз грбот, ликот и делото на нашиот великан.

-Апелираме Делчев да го чествуваме и славиме одговорно и достоинствено. Не смее да се злоупотребува големиот Делчев за создавање конфликти и нетрпеливости, било да е тоа дома или пак надвор од нашите граници. Имаме обврска да сме внимателни, посветени и достоинствени во јавните комуникации кога е Делчев во прашање бидејќи тој токму тоа најмногу го заслужува, соопштија од Владата за МИА.

Покрај тоа, Владата испраќа отворена поканата до опозицијата да се вклучи на конструктивен начин во процесите кои се од врвен интерес за евроинтеграциската иднина на С. Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ бара поддршка од сите политички партии Собранието да ја усвои Декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Од партијата предлагаат да се организраат соодветни настани, проекти и да се промовира поштенска марка со која ќе се одбележи јубилејот.

Слични содржини