Влада: До петок да се достават информации за реализацијата на препораките од УНЕСКО

од Aleksandar Todeski

Владата денеска на седница ја реафирмираше определбата да се зачува статусот на УНЕСКО за светско културно и природно наследство на Охридскиот регион и ги задолжи сите релевантни државни институции најдоцна до петок да достават информации за степенот на реализација на препораките од УНЕСКО.

„Во заклучоците на Владата по ова прашање е и препораката до општините Дебрца, Охрид и Струга да се интензивираат процесите и активностите со цел исполнување на препораките на УНЕСКО и да ги примат претставниците на УНЕСКО во склоп на Реактивната мисија за 2020 година“, се наведува во владиното соопштение.

Исто така, Генералниот секретаријат на Владата е задолжен во рок од 10 дена да објави постапка за јавна набавка за изработка на анализа на предлогот за алтернативна рута за пругата долж Коридорот 8 што ја има предложено Реактивната мисија на УНЕСКО во 2017-та година

Слични содржини