Влада: Дополнително ќе се прецизираат количините пченица кои ќе се увезат од Бугарија

од Берта Китинска
214 прегледи

Дополнително ќе се прецизираат количините пченица што треба да ги увеземе од Бугарија, откако ќе се увидат потребите на домашната мелничка индустрија, рече денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.

Во однос на српското жито, пак, како што истакна Арсовски, земјава деновиве очекува да биде крената „рампата“ за извоз.

-Во рамки на министерската конференција во Берлин со министерот за земјоделство на Република Бугарија Иван Иванов е договорено да се обезбеди пченица од Бугарија за Северна Македонија. Дополнително ќе се прецизираат откако ќе се увидат потребите на домашната мелничка индустрија, информира Арсовски на прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашања.

Во однос на увозот на пченица од Република Србија, ресорните министри од двете држави, рече, се во постојана комуникација.

-Со оглед дека во Република Србија имаше избори, очекуваме деновиве српската Влада да ја укине забраната за Северна Македонија за извоз на пченица, пченка, брашно и масло за јадење. На состанокот што неодамна го имаше министерот Николовски со потпретседателот на српската Влада Недимовиќ, договорено е испораката на договорените количини меѓу економските партнери од двете земји да бидат реализирани. Овие количини се обезбедуваат за да се одржи стабилноста на пазарот до почетокот на жетвата, подвлече портпаролот на Владата.

Слични содржини