Медиумските содржини објавени во некои информативни гласила дека премиерот Зоран Заев поседува вила на грчкото приморје се лажни и тенденциозни,соопштија вечерва од Владата на РСМ.
Од Владата, во име на премиерот, категорично и целосно ја отфрлаат веста дека Заев поседува куќа во Грција.
„Бараме сите медиуми коишто ја објавија лажната вест во целост да го објават овој демант, во спротивно ќе се преземат сите правни механизми во насока на зачувување на угледот на засегнатите страни“, додаваат од Владата на РСМ.