ВЛАДА: Изјавата на Закаријаш не помага во процесот на градење доверба и заедничко разбирање

од Берта Китинска

Изјавата на португалската министерка за Европа, доколку е прецизно пренесена, и по суштина и по методологија е целосно спротивна  на португалскиот предлог за изнаоѓање решение. Ваквите изјави никако не помагаат во процесот на градење доверба и заедничко разбирање, велат од Владата за „Локално“.

-Контекстот и моментот се крајно сензитивни и затоа ги повикуваме претставниците на земјите кои се вклучени во процесот и кои не ги познаваат целосно и добро приликите во Северна Македонија и Бугарија, да се воздржат од какви било квалификации или објаснувања на процеси поврзани со нашите национални прашања.Македонскиот јазик е едно од клучните идентитетски обележја на македонскиот народ, меѓународно признаен и кодификуван јазик со своите уникатни специфики, потврден со Договорот од Преспа и запишан во личната карта на Северна Македонија во Обединетите Нации.Македонскиот јазик е израз на неприкосновеното право на македонскиот народ на самоопределување и дигнитет, изјавија од Влада.

Изјавата на португалската министерка за Европа, Ана Паола Закаријаш дека „северномакедонскиот јазик бил дел од бугарскиот“, пред завршувањето на претседателството на нејзината земја со ЕУ предизивка бура од рекации.

Вицепремиерот за евроинтеграции, Никола Димитров оваа изјава ја оцени како поприлично несреќна. Додека пак шефот на државата Стево Пендаровски кажа дека португалската министерка „ги поткопа сите напори на португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантош Силва и неговиот предлог за надминување на спорот меѓу Бугарија и Македонија“, нагласувајќи дека добра вест е што португалското претседателство со ЕУ заврши, а претседателството го презема Словенија.

Слични содржини