Ние се залагаме за правна држава за сите, и еднаквост на граѓаните пред судовите и законите. Сите кои се огрешиле ќе бидат судени, и ќе имаат можност да ја докажуваат својата невиност, одговори лидерот на опозцијата во синоќешното интервју на „Патот кон“, на АлсатМ, на прашањето дали Никола Груевски ќе оди во затвор.
Сите кои се огрешиле со законот, ќе им се суди без оглед дали се од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ ДУИ или било која партија. Судовите мора да судат праведно по словото на законот, обвинителите ќе мора да докажуваат вина а обвинитетите да имаат шанса да се бранат.Судиите мора да се осолбодени без притисоци да судат ,п а во тој контекст и нив ќе ги реформираме и тоа согласно евроските практики. Тие мора да се ослободат од сегашните партиски притисоци, така што се тоа ќе се распушти и и повторно ќе се состави по европски терк, кој заслужил и добро работел не криел пресуди не влечел процеси, пак ќе суди.
Во однос на формирањето нова влада Заев посочи дека е убеден дека тоа набргу ќе се случи сакал Груевски или не .Цела меѓународна заедница му ја испрати пораката на Иванов ,вели Заев. Ним не им јасно како може да не се почитува демократската воља на парламентарно мнозинство 67 потписи од 120 , и да се правиш недоветен, да не даваш мандат и да ги кочиш процесите ,вели лидерот на опозицијата.
Имаме план Б, но се надеваме дека ќе се реализира планот, а тоа е претседателот Иванов да ни го додели мандатот и да почне Собранието со работа.
– Постојат опции. Секогаш има. Но, сега да зборуваме за планот А, а тоа е да биде доделен мандатот од Иванов. Во планот А е и конституирање на Собранието и избор на претседател на Парламентот. Јас се надевам дека нема да дојде до план Б, туку ќе се реализира план А. Ќе се обидеме деновиве да постигнеме договор за претседател на Собранието. Да биде функционален и ќе се обидеме со тој чекор. Тоа ќе биде час поскоро – изјави Заев.
Тој додаде дека и да ја прифати идејата на ВМРО-ДПМНЕ да одат на нови предвремени парламентарни избори, уверен е дека Груевски убедливо ќе изгуби.
– И да одиме на избори. Јас верувам дека ќе бидам исправен пак пред господинот Иванов со повеќе од 70 потписи. Паѓа рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, никој не сака тензии, банални изговори за некој да ги заштити нивните криминали – рече лидерот на СДСМ.
Според него, изборите не се решение за излез од кризата, туку да му се даде шанса да формира влада. Доколку не успее да формира влада, Заев рече дека дури тогаш Иванов заедно со останатите лидери на партиите ќе треба да разговара за други опции.
Во однос на промената на платформата на албанските партии и обвинувањата дека тој ветил промена на Уставот, Заев одговори дека Уставот е доволно либерален и европски за сечии права.
– Не е потребна промена на Уставот за некој да си добие права. Нашиот Устав е доволно европски и либерален, тоа се овозможува преку закони и мерки да бидат унапредени одредени права. Оти правата кога се на маса, тоа значи и обврски. Така ќе ја создаваме и правната држава,, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во вчерашното интервју на телевизија АлсатМ.